Протестот беше прекинат пред предвиденото по судирите со контра-демонстрантите, при што беа ангажирани околу 1.500 полицајци, објави германскиот медиум Дојче Веле.
На протестот во Берлин присуствуваа околу 850 десничарски екстремисти, како и околу 2.000 луѓе на контрапротестот.
Почетокот на протестот неколку пати беше одложуван бидејќи полицијата мораше неколку пати да интервенира.
Протестот бил организиран од поранешниот член на Алтернатива за Германија (АфД) Ферат Зентирк.
Полицијата соопшти дека неколку неонацисти биле уапсени поради носење маски или забранети симболи.
Протестите предизвикаа прекини во сообраќајот на некои улици.
Околу 150 неонацисти учествувале на маршот во Берлин пред еден месец, а околу 60 учесници на протестот во декември, според податоците на полицијата. И двата пати, голем број левичарски групи се обидоа да ги блокираат неонацистичките демонстрации, а имало и судири со полицијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата