logo
logo
logo

Узбекистан постигна договор со САД за минералните ресурси

Vecer | 09.04.2025

Узбекистан постигна договор со САД за минералните ресурси

Како што се наведува во соопштението на узбекистанското Министерство за инвестиции, индустрија и трговија, за време на деловната посета на Вашингтон се потпишани „договори за соработка во областа на критичните минерали“ со американски компании.

Соопштението доаѓа неколку дена по самитот на Европската Унија и Централна Азија во Узбекистан, каде што европските и централноазиските лидери се согласија да ја зајакнат соработката на полето на критичните минерали и суровини.

Побарувачката за критични минерали, неопходни за еколошката транзиција и кои се користат особено во електричните автомобили, соларните панели, турбините на ветер и нуклеарните реактори, значително се зголемува.

И САД и Европската унија се обидуваат да ја намалат зависноста од Кина, главниот производител.

Тие договори вклучуваат „инвестиции во истражување и вадење руда, создавање додадена вредност за критичните суровини и обука на узбекистански експерти“, се вели во соопштението. /MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk