Зеленски ќе биде таму, но нема да биде дел од делегацијата, чиј засега не се открива. Трамп навестува добри вести.
-Ќе кажам дека направивме голем напредок со Украина и голем напредок со Русија во последните неколку дена и би било одлично да се стави крај (на војната). , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Скорешен крај на војната, но со праваден и траен мир посакува и Брисел, кој вчера по 10 часовни разговори сепак не успеа да постигне консензус за Украина.
Европското единство кое требаше да се демонстрира на Самитот го наруши унгарскиот премиер Орбан, кој одби да ги поддржи заклучоците на Унијата. Во нив се дава целосна поддршка на украинскиот суверенитет, Киев неизбежно да биде дел од мировние преговори, а испораката на оружје за земјата да продолжи.
-Тоа значи дека Унгарија е изолирана меѓу 27-те земји. Ја почитуваме унгарската позиција, но таа е една од 27, а 26 е повеќе од еден. , изјави Антонио Кошта, претседател на Европскиот Совет.
-Ако некој тука е изолиран, тоа е ЕУ. Унгарија има добри односи кон сите три правци (САД, Русија, Кина). Така што, не сме изолирани воопшто. , изјави Виктор Орбан, премиер на Унгарија.
Иако, го критикуваше Орбан сепак крена рака за заклучоците за ревооружување на Европа. Планот предвидува мобилизирање до 800 милијарди евра за зајакнување на одбраната, вклучително и формирање нов инструмент што ќе обезбеди 150 милијарди евра заеми за воена опрема и оружје.
-Од Париз преку Лондон до Брисел, покажавме дека сме подготвени и способни да ги засилиме нашите заеднички напори и ефикасно да се координираме. , изјави Урсула дон дер Лајен, претседателка на ЕК.
Последното деноноќие ги одбележа и вербалните препирки меѓу Путин и Макрон за тоа кој и зошто се огледува во ликот и делата на императорот Наполеон, кои произлегоа по изјавата на Макрон за проширување на франускиот нуклеарен чадор.
-Има луѓе кои сакаат да се вратат назад во времето на Наполеон, заборавајќи како тоа заврши. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
-Наполеон предводеше освојувања. Единствена империјалистичка сила која денес ја гледам во Европа се вика Русија. Тој (Путин) е империјалистички ревизионист на историјата и на идентитетот на народот. , изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
Русија денеска изврши серија напади врз украинската енергетска инфраструктура, што се смета за прв голем напад откако Вашингтон го прекина споделувањето разузнавачки информации со Украина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата