logo
logo
logo

Стармер: Мора да дејствуваме веднаш во случај на мировен договор во Украина

Vecer | 20.03.2025

Стармер: Мора да дејствуваме веднаш во случај на мировен договор во Украина

Неговите коментари, дадени за време на посетата на постројката за нуклеарна подморница, доаѓаат на ден кога воените лидери од десетици земји се состануваат во Велика Британија за да разговараат за планирањето на можните мировни сили во Украина.

-Нашите планови се фокусираат на одржување на безбедноста на небото, морињата и границите на Украина и работа со Украинците, изјави Стармер за новинарите.

-Работиме брзо бидејќи не знаеме дали ќе има договор. Секако се надевам дека ќе има, но доколку има договор навистина е важно веднаш да реагираме, заклучи тој.

Претходно денеска, британскиот министер за вооружени сили, Лук Полард рече дека планот на премиерот Кир Стармер за „коалиција на подготвените“ за надгледување на мировниот договор меѓу Украина и Русија зависи од вмешаноста на САД, и покрај инсистирањето на Доналд Трамп дека неговата земја нема директно да биде вклучена во таков план.

На прашањето дали британската влада е подготвена да испрати свои војници во Украина доколку Америка се повлече, Полард одговори дека ништо не оди без американска поддршка. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk