Меѓу жртвите имало и брачна двојка кои биле однесени од водата додека оделе на работа. Екстремните временски услови донесоа обилни дождови и излевање на реките од нивните корита. Училиштата се затворени во неколку области, а илјадници луѓе се евакуирани како мерка на претпазливост.
Бројот на загинати од бурата Лоренс, што ја погоди јужна Шпанија на почетокот на оваа недела, се зголеми во средата откако беше пронајдено телото на втората жртва, додека трето лице се води како исчезнато, пренесува АФП.
Во соопштението на Цивилната гарда се вели дека „безживотното тело“ на маж по кој се трагаше 24 часа во Андалузија (јужна Шпанија) е пронајдено во средата наутро, откако неговиот автомобил, во кој била и неговата сопруга, бил однесен од надојдените води.
Властите во вторникот вечерта објавија дека го пронашле телото на жената, но не и телото на нејзиниот сопруг. Според властите, неговото тело било откриено кога автомобилот на парот, кој се превртел во поплавата, бил преместен.
Според спасувачките екипи, возилото било однесено од речна вода која се излеала од нејзините корита во местото Константина, село кое се наоѓа на околу 85 километри североисточно од Севиља.
🔹Última hora: buscan motorista arrastrado por temporal
— Mañaneros (@MananerosTVE) March 20, 2025
Desaparecido en Málaga tras intentar cruzar el cauce con su moto
Nos lo cuenta Fernando Ballesteros#Mañaneros20Mhttps://t.co/CfpoB4nErB pic.twitter.com/TTs3yh2y62
Во средата, властите трагаа и по уште едно исчезнато лице во провинцијата Малага, исто така во Андалузија. Станува збор за маж „кој се обидел да ја премине реката со мотор и бил однесен од поројот“, изјавил за AFP портпарол на Цивилната гарда.
Бурата Лоренс донесе обилни дождови во Шпанија и Португалија во понеделникот и вторникот, предизвикувајќи големи поплави и принудувајќи ги властите превентивно да ги евакуираат жителите на неколку населби.
🌬️ El temporal Martinho golpea Vigo con vientos huracanados https://t.co/mEnf2aQEs1 #Vigo @112Galicia
— VIGOHOY (@vigohoy) March 20, 2025
Според податоците на Националната метеоролошка агенција на Шпанија (Аемет), од денеска се очекува нова силна бура, наречена Мартинхо, да го погоди Пиринејскиот Полуостров.
Оваа бура, четврта што ја премина земјата за помалку од две недели, ќе донесе „обилни врнежи од дожд и силни ветрови“, според Аемет, кој стави дел од шпанската територија под жолто или портокалово предупредување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата