logo
logo
logo

Украина го повика Бразил да го уапси Путин доколку дојде на самитот на Г20

Vecer | 14.10.2024

Украина го повика Бразил да го уапси Путин доколку дојде на самитот на Г20

Главниот украински обвинител Андриј Костин денеска изјави дека добил разузнавачки информации дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да присуствува на самитот Г20 во Бразил следниот месец, па затоа ги повикал тамошните власти да издадат налог за негово апсење доколку се појави на средбата.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) издаде налог за апсење на Путин во март 2023 година, околу една година по рускиот напад врз Украина, обвинувајќи го за военото злосторство - депортација на деца, јавија британските медиуми.

Кремљ го отфрли барањето на МКС како ништовно.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска пред новинарите негираше дека е донесена одлука Путин да присуствува на состанокот на Г-20.

-Кога ќе биде донесена одлуката ќе ве информираме, додаде Песков.

Украинскиот обвинител Костин рече дека е важно меѓународната заедница да биде обединета и да бара одговорност од Путин.

Тој додаде дека е обврска на бразилските власти според Римскиот статут, со кој е основан МКС, да го уапсат Путин доколку се осмели да дојде на самитот.

Според него, ова ќе го докаже статусот на Бразил како демократска држава во која владее правото, додека во спротивно тоа ќе создаде преседан што значи дека лидерите обвинети за злосторства можат неказнето да патуваат.

Бразил испрати стандардна покана до Путин за учество на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро на 18-19 ноември, но не доби потврда за неговото доаѓање, изјавија двајца бразилски владини претставници./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk