15-годишната Натали Рупнов, која уби ученик и наставничка во христијанско училиште во Висконсин, донела два пиштоли на училиште и била во контакт со маж од Калифорнија за кого властите велат дека планирал напад врз државна институција, покажуваат документите на судот.
Полицијата сè уште истражува зошто Натали отворила оган во училиштето Абндант Лајф во Медисон, убивајќи две лица, а потоа си го одзела животот. Двајцата ученици кои биле ранети се уште се во критична состојба, објави Пипл.
„Можеби никогаш нема да знаеме што мислела таа тој ден, но даваме сѐ од себе за да собереме што повеќе информации“, изјави началникот на полицијата Шон Барнс.
Судија во Калифорнија наредил 20-годишен маж од Карлсбад да ги предаде пиштолот и муницијата на полицијата во рок од 48 часа.
Според наредбата, човекот им рекол на агентите на ФБИ дека испратил пораки до Натали Рупнов во кои напишал дека ќе упадне во зградата на државна институција со оружје и експлозиви. Не се наведува точно која зграда планирал да ја нападне.
A 20-year-old Carlsbad man has been detained for planning a mass shooting at a government building in coordination with the recent Wisconsin school shooter. FBI intervened after discovering communications between the suspects. https://t.co/NxzEvQmyj1
— CBS 8 San Diego (@CBS8) December 19, 2024
Нема ниту детали од неговата комуникација со тинејџерката, освен дека со неа планирал масовно убиство. Ученичката која била убиена во училиштето е идентификувана како 14-годишната Руби Патриша Вергара. Таа била во прв клас во средното училиште и, според објавениот некролог, „сакала уметност, пеење, читање и свирење на клавијатури во семејниот бенд“.
Наставничката која е убиена е идентификувана како 42-годишната Ерин Мишел Вест.
„Нашите срца се во тага поради овие загуби“, напишала директорката на училиштето, Барбара Вирс.
Полицијата сè уште ги чешла објавите на убиецот на Интернет, разговара со нејзините родители и се обидува да го утврди мотивот. Не е познато дали нападот бил со цел или однапред планиран.
Полицијата соопшти дека е утврдено дека Натали Рупнов имала два пиштоли, но не знаат како ги набавила. Шефот на полицијата Барнс не сакал да каже на чие име е купено оружјето бидејќи истрагата е во тек.
Сè уште не е одлучено дали нејзините родители би можеле да се соочат со обвиненија во врска со пукањето. Против нејзиниот татко Џефриј Рупнов и мајката Мелиса не е водена кривична постапка. Тие биле разведени и го имале поделено старателството над нивната ќерка, но таа првенствено живеела со нејзиниот татко. Документите од разводот покажуваат и дека Натали отишла на психотерапија во 2022 година, но не се наведува зошто.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата