logo
logo
logo

Убиен вооружен маж кој се обидел да влезе на имотот на Трамп, Мар-а-Лаго во Флорида

Vecer | 22.02.2026

Убиен вооружен маж кој се обидел да влезе на имотот на Трамп, Мар-а-Лаго во Флорида

Инцидентот се случил во Вест Палм Бич, каде што се наоѓа имотот на Трамп, а напаѓачот бил на возраст од околу 20 години, соопшти Тајната служба.

Иако Трамп често ги поминува викендите во своето одморалиште во Флорида, тој денеска е во Белата куќа. Првата дама Меланија е исто така во Вашингтон.

Властите сè уште не го објавиле името на човекот кој е застрелан. Според Тајната служба, тој бил „виден во близина на северниот влез на Мар-а-Лаго и се чинело дека носел пушка и канистер со бензин“. Тој бил застрелан од агенти на Тајната служба и локален полицаец.

Американските медиуми потсетуваат дека ова не е првата закана по животот на Трамп. Тој беше ранет во обид за атентат за време на настан од кампањата во Батлер, Пенсилванија, на 13 јули 2024 година.

На 15 септември 2024 година, пак, маж со пушка беше уапсен откако стоел во близина на голф теренот на Трамп во Вест Палм Бич додека претседателот играл. 

Белата куќа засега не го коментира денешниот инцидент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk