logo
logo
logo

Туск: Градиме безбедна, вооружена и обединета Европа против руската закана

Vecer | 20.03.2025

Туск: Градиме безбедна, вооружена и обединета Европа против руската закана

Денешниот Самитот на ЕУ ќе биде посветен на финализирање на првата фаза од можеби најважниот европски проект во последните децении - „изградбата на безбедна, вооружена и обединета Европа против руската закана“, порача денеска полскиот премиер Доналд Туск пред заминувањето на заседанието на Европскиот совет во Брисел.

- Можеби се сеќавате колку пати бевме сами кога ги предупредувавме другите европски партнери за руската закана, а сега ќе видиме како Европа се обединува околу истиот проблем со кој Полска често се соочуваше сама, изјави Туск, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ. 

Туск го повика полскиот претседател Анджеј Дуда да ги ратификува измените на Законот за миграција и азил, со што на Владата би и се овозможило привремено суспендирање на барањата за азил на илегалните мигранти. 

Според Туск, ова и е неопходно на Полска за да се спротивстави на „растечкиот притисок“ на нејзината граница со Белорусија, во услови кога Минск и Москва ја поттикнуваат илегалната  миграција на надворешните граници на ЕУ.  

- Де факто водат војна, која тие ја нарекуваат хибридна, но тоа е нешто посериозно од хибридна војна, додаде Туск пред заминувањето на Самитот на ЕУ во Брисел. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk