logo
logo
logo

Турските акции и обврзници во слободен пад- причината е ескалација на протестите

Vecer | 21.03.2025

Турските акции и обврзници во слободен пад- причината е ескалација на протестите

Каматите на кредитите преку ноќ се зголемени на 46 отсто, а лирата продолжи да паѓа во однос на доларот, пренесува Ројтерс.

Трошоците за осигурување на долгот на Турција од неисполнување на обврските се зголемија за 18 базични поени (bps) на 322 bps и сега се највисоки од март 2024 година, покажуваат податоците на S&P Global.

Централната банка на Турција (TCMB) вети дека ќе ја заостри монетарната политика во случај на значително и постојано влошување на инфлацијата, за да може да ја прекине сегашната политика на намалување на каматните стапки.

Актуелните случувања во Турција практично ги уништија надежите дека ТЦМБ ќе ги намали каматните стапки на следниот состанок за монетарната политика на 17 април, предупредуваат експертите.

Централната банка на Турција (TCMB) на 6 март одлучи да ја намали референтната каматна стапка за 250 базични поени на 42,5 отсто, надоврзувајќи се на намалувањата во декември и јануари.

Неодамна објавените податоци покажаа дека годишната стапка на инфлација во Турција паднала на 39 отсто во февруари, што е најниско ниво во последните 20 месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk