logo
logo
logo

Целосен пресврт: Трамп ѝ се закани на Русија со жестоки мерки до прекин на огнот

Vecer | 07.03.2025

Целосен пресврт: Трамп ѝ се закани на Русија со жестоки мерки до прекин на огнот

„Со оглед на фактот дека Русија во моментов буквално ја „меле“ Украина на бојното поле, сериозно размислувам за широки банкарски санкции, санкции и царини против Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор“, напиша Трамп.

Во пораката тој ги повика двете страни да преговараат.

„До Русија и Украина - седнете на маса сега, пред да биде предоцна. Ви благодариме!!! рече Трамп.

Потсетиме дека по средбата меѓу Трамп и Зеленски во Белата куќа кон крајот на февруари, која заврши со расправија, односите драстично се влошија. Не беше потпишан договор според кој САД ќе преземат 50% од правата на украинските ретки минерали како компензација за помошта дадена за време на војната, а Трамп наскоро ја суспендираше американската воена помош за Украина. Пред неколку дена го прекина и испраќањето разузнавачки информации во Украина.

Во таква ситуација Зеленски јавно објави дека е подготвен за мировни преговори, но набргу потоа Русија изврши нови масовни напади врз украинската инфраструктура. Трамп сега, по бранот критики и руските офанзиви, ѝ се заканува на Москва со големи санкции и царини доколку не се постигне прекин на огнот и конечен мировен договор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk