Трамп рече дека одлуката кога ќе заврши војната со Иран ќе ја донесе „заедно“ со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но притоа навести дека конечниот збор ќе биде негов.
- Мислам дека (одлуката) ќе биде заедничка… донекаде. Ние разговараме. Ќе донесам одлука во вистински момент, но ќе ги земеме предвид сите фактори, изјави американскиот претседател.
Тој додаде дека без него и Нетанјаху, Иран би го уништил Израел.
Трамп повторно го изрази и незадоволството што израелскиот претседател Исак Херцог не го помилувал Нетанјаху во случајот за корупција.
- Кажете му на тој претседател веднаш да го помилува, рече Трамп.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата