Трамп уште еднаш најави рамковен договор со Иран за ставање крај на војната. „тукушто постигнавме одличен договор за војната со Иран“изјави американскиот преседател додавајќи дека документите требало да бидат готови и можеби веќе овој викенд да се потпишат во Европа.
Иран веднаш демантираше: досега не е финализиран никаков текст, објави иранската новинска агенција ФАРС, блиска до моќната револуционерна гарда, повикувајќи се на извор поврзан со преговарачкиот тим.
Високи ирански политичари засега не се изјаснија за тврдењата на Трамп. Американскиот претседател и претходно повеќепати тврдеше дека договор со Иран е блиску.
Овој пат Трамп, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека според неговото разбирање иранскиот врховен лидер Моџтаба Хаменеи веќе се согласил на договор. Тој вклучува, меѓу другото, итно отворање на Ормускиот теснец, како и прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа.
Напиша Трамп на својата платформа Трут соушал..Само неколку часа претходно, Трамп ги откажа новите напади врз иран кои беа најавени за синоќа. На Трут соушал тој се закани дека американската војска ќе ја погоди земјата „многу силно“ и ќе го преземе островот Харк, клучен за иранската нафтена индустрија.
Откажувањето на нападите Трамп го образложи со разговори кои стигнале до највисокото ниво на иранското раководство. Деталите биле одобрени од сите вклучени страни, односно од САД, Израел, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Турција, Пакистан, Бахреин, Кувајт, Јордан, Египет и други држави. За евентуално потпишување договор викендов, потпретседателот Џеј Ди венс би можел да отпатува во Европа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата