Безбедносната зона на аеродромот во Хамбург е евакуирана поради „полициска ситуација“, што доведе до привремено прекинување на сите летови и доцнења, соопшти германската федерална полиција.
Според полицијата, сите патници морале да ја напуштат зоната зад безбедносните проверки, вклучително и оние кои веќе се качиле во авионите, објави Шпигел.
Во тек е темелно пребарување на терминалот, но властите сè уште не кажаа што го предизвикало безбедносното предупредување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата