logo
logo
logo

Трамп со Стуб разговарал за купување бродови мразокршачи

Vecer | 30.03.2025

Трамп со Стуб разговарал за купување бродови мразокршачи

 Финскиот претседател Александар Стуб синоќа се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп на неговиот имот во државата Флорида, каде што двајцата лидери разговараа за зајакнување на билатералното партнерство на нивните земји и одиграа партија голф.

Финска е водечки светски производител на мразокршачи - околу 80 отсто од овие бродови биле дизајнирани од фински компании, а околу 60 отсто од нив биле изградени во фински бродоградилишта.

„Претседателот Стуб и јас се радуваме поради јакнењето на партнерството меѓу САД и Финска, а тоа вклучува купување и развојот на голем број на многу потребни мразокршачи за САД, што ќе донесе мир и меѓународна безбедност за нашите земји и за светот“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“.

Двајцата се сретнале на појадок, по што играле голф и заедно ручале.

Тие разговарале и за прашањата за надворешни работи, вклучително и за Украина.

Кабинетот на финскиот претседател соопшти дека ненајавената посета на Стуб на имотот на Трамп Мар-а-Лаго во Вест Палм Бич, Флорида, била неформална.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk