logo
logo
logo

Европската комисија најави предлози за проширување на надлежностите на Европол

Vecer | 02.04.2025

Европската комисија најави предлози за проширување на надлежностите на Европол

Европската комисија ќе предложи значително проширување на надлежностите на Европол, преку негова трансформација во оперативна агенција за спроведување на законот со поголеми овластувања и ресурси, најави еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер. 

Деталниот предлог, кој се очекува да биде предложен следната година како дел од пошироката безбедносна стратегија на ЕУ, меѓу другото ќе опфати зајакнување на надлежностите во истрагите за прекугранични криминални активности, заштитата од кибер напади и во безбедноста на подводните телекомуникациски кабли.  

Според Еврокомисијата, на Европол му недостигаат ресурси и неговиот сегашен мандат не ги опфаќа новите безбедносни закани, како што се саботажите, хибридни напади или манипулацијата со информации. 

ЕК смета дека зголемувањето на надлежностите на Европол е неопходно во услови на раст на кибер заканите и кампањите за дезинформација и нападите врз критичната инфраструктура спонзорирани од трети држави. 

Во моментов, Европол главно делува како агенција на ЕУ за спроведување на законот и им помага на земјите членки на ЕУ во справувањето со сериозниот меѓународен и организиран криминал, кибер нападите и тероризмот. Агенцијата, чие седиште е во Хаг, во своите активности соработува и со земји кои не се членки на ЕУ, како и со меѓународни организации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk