logo
logo
logo

Унгарија планира да воведе можност за привремено одземање на државјанството

Vecer | 02.04.2025

Унгарија планира да воведе можност за привремено одземање на државјанството

Соодветниот предлог-закон синоќа до Парламентот го поднесе владејачката партија на Виктор Орбан.

Предлог-законот, кој се очекува да биде усвоен, има за цел да им го одземе државјанството на луѓето кои се окарактеризирани како закана за државата.

Според нацрт-законот, одземањето на унгарското државјанство може да важи само за двојни државјани чие второ државјанство не е на земја од ЕУ, Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка или Исланд.

Одземањето на државјанството треба да биде можно, меѓу другото, доколку некое лице „дејствува во интерес на странска сила или странска организација, ги следи целите на странска сила или странска организација“ и на тој начин претставува „закана за јавниот ред и безбедност“ на земјата.

Предвиденото одземање државјанство за најмногу десет години не е вообичаено.

Државјанството обично може трајно да се одземе. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk