logo
logo
logo

Трамп: Си нема да дозволи ескалација, бидејќи САД го имаат најмоќното оружје во светот

Vecer | 10.04.2025

Трамп: Си нема да дозволи ескалација, бидејќи САД го имаат најмоќното оружје во светот

Говорејќи во Овалната соба, Трамп рече дека „не е загрижен“ поради понатамошна ескалација на економскиот конфликт со Кина, нарекувајќи го кинескиот претседател Си Џинпинг „еден од (неколкуте) многу паметни луѓе во светот“, пренесува „Њузвик“.

„Мислам дека тој не би дозволил тоа да се случи. САД се многу помоќни отколку што мислат луѓето. Имаме оружје за кое никој не знае што е, а тоа е најмоќното оружје во светот“, рече Трамп.

Кина најави дека ќе воведе царини од 84 отсто за сите производи од САД, со што претходно најавената царина од 34 отсто е дополнително зголемена, а исто така поднесе нова жалба до Светската трговска организација (СТО).

Ова беше одлучено како одговор на претходната мерка на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која воведе царини од 125 отсто за кинески стоки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk