logo
logo
logo

Пакистанската армија собори два индиски воени авиони!

Vecer | 06.05.2025

Пакистанската армија собори два индиски воени авиони!

Пакистанската армија собори два индиски воени авиони бидејќи се наоѓале во воздушниот простор на Пакистан, објави пакистанската телевизија „Џио“.

Според извештаите, пакистанските вооружени сили возвраќаат на огнот и од земја и од воздух, при што сите пакистански воени авиони се неповредени.

Извори од Пакистанската управа за цивилно воздухопловство изјавија дека сите комерцијални летови од аеродромот во Карачи во Пакистан работат нормално.

Порано вечерва, индиската армија започна напади врз девет локации во Пакистан и спорниот регион Џаму и Кашмир, при што загинаа најмалку две лица, а најмалку 12 беа повредени.

Пакистанската армија собори два индиски воени авиони! Работите излегуваат од контрола, дали разумот ќе преовлада?!

Пакистанската армија собори два индиски воени авиони бидејќи се наоѓале во воздушниот простор на Пакистан, објави пакистанската телевизија „Џио“.

Според извештаите, пакистанските вооружени сили возвраќаат на огнот и од земја и од воздух, при што сите пакистански воени авиони се неповредени.

Извори од Пакистанската управа за цивилно воздухопловство изјавија дека сите комерцијални летови од аеродромот во Карачи во Пакистан работат нормално.

Порано вечерва, индиската армија започна напади врз девет локации во Пакистан и спорниот регион Џаму и Кашмир, при што загинаа најмалку две лица, а најмалку 12 беа повредени.

Индиската армија објави дека нападите во рамките на операцијата „Синдор“ биле „фокусирани, умерени и неескалирачки по природа“ и дека не биле насочени кон пакистанската армија.

–Индија покажа значителна воздржаност во изборот на цели и методи на извршување“ – се наведува во соопштението.

Пакистанската војска го негираше ова, наведувајќи дека индиската војска погодила само цивилни цели, а не и местата каде што е стационирана пакистанската армија.

– Индиските тврдења дека тие нападнале терористички цели се лажни – изјави портпаролот на пакистанската армија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk