logo
logo
logo

Трамп се закани со воена акција ако Иран не го почитува договорот, американските сили остануваат во регионот

Vecer | 09.04.2026

Трамп се закани со воена акција ако Иран не го почитува договорот, американските сили остануваат во регионот

Трамп на платформата „Truth Social“ напиша дека „сите американски бродови, авиони и воени лица, заедно со дополнителна муниција и вооружување, ќе останат на позициите во и околу Иран се додека договорот целосно не се почитува“. Тој додаде дека во случај договорот да не се испочитува, „ќе започне пукотница, поголема и посилна од било што видено досега“.

Иран претходно соопшти дека би било „неразумно“ да се продолжат преговорите за траен мировен договор во услови кога Израел спроведува најинтензивни напади врз Либан при што се убиени стотици луѓе.

Трамп исто така тврдеше дека Иран се согласил да запре со збогатувањето ураниум, додека додека претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад Багер Галибаф, изјави дека според условите на примирјето, Иран смее да продолжи со тој процес.

Претседателот на САД напиша дека „тоа е договорено одамна и, покрај лажната реторика што го тврди спротивното, нема нуклеарно оружје и Ормускиот теснец ќе остане отворен и безбеден“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk