logo
logo
logo

Трамп СЕ ВРАЌА на Јутјуб

Vecer | 17.03.2023

Трамп СЕ ВРАЌА на Јутјуб

Компанијата Јутјуб (Alphabet Inc. YouTube) денеска објави дека ги укина ограничувањата за каналот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Платформата за видео стриминг го забрани Трамп на 12 јануари 2021 година поради кршење на неговата политика за поттикнување насилство. Тоа се случи откако неговите приврзаници упаднаа во американскиот Капитол кога Конгресот почна да ја потврдува победата на Џо Бајден на претседателските избори една недела претходно.

Јутјуб почна да ги отстранува видеата на крајот на 2020 година во кои тогашниот американски претседател Доналд Трамп „лажно обвинуваше дека исходот од претседателските избори бил под влијание на изборна измама“.

На почетокот на приказната за изборниот фалсификат, Јутјуб не се мешаше премногу, во споредба со Фејсбук и Твитер, кои ги означија коментарите на Трамп како дискутабилни веднаш по нивното објавување.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk