logo
logo
logo

Први жртви на големите поплави во Кина: Најмалку четворица мртви, десетици исчезнати

Vecer | 22.04.2024

Први жртви на големите поплави во Кина: Најмалку четворица мртви, десетици исчезнати

Поплавите раселија повеќе од 110.000 луѓе, соопшти Одделот за управување со вонредни состојби во Гуангдонг, додава Чајна дејли.

Невремето најмногу ги погоди градовите Шаогуан, Гуангжу, Хејуан, Жаокинг, Меиџоу и Хуиџоу.

На спасувачките служби им помогнала кинеската армија, која помага во расчистувањето на патиштата, јавува Ројтерс.

Кинеската влада вчера одобрила спроведување на итни планови за заканата од поплави во провинцијата Гуангдонг, кои им се закануваат на 127 милиони жители.

Метеоролозите објавија и дека нивото на водата во одредени делови од реките во таа покраина достигнале ниво што се случува само еднаш во 50 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk