logo
logo
logo

Трамп разгледува напади на мексикански нарко картели, властите во Мексико со остра реакција

Vecer | 08.04.2025

Трамп разгледува напади на мексикански нарко картели, властите во Мексико со остра реакција

Цитирајќи шест сегашни и поранешни функционери на американската војска, полиција и разузнавање запознаени со ситуацијата, Ен-Би-Си соопшти дека оваа опција за борба со картелите сериозно се разгледува.

Како одговор на овие тврдења, мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум изјави дека нејзината земја категорично ќе одбие каква било унилатерална американска воена акција на мексиканска територија и дека таквиот потег „нема да реши ништо“.

Таа додаде дека САД и Мексико имаат добар и тековен дијалог за безбедносните прашања и дека не верува дека САД ќе преземат таква еднострана акција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk