logo
logo
logo

ГАФ ЗА ВРЕМЕ НА СРЕДБАТА МЕЃУ МЕЛОНИ И ТРАМП: „Најлошото можно сценарио“ (ВИДЕО)

Vecer | 19.04.2025

ГАФ ЗА ВРЕМЕ НА СРЕДБАТА МЕЃУ МЕЛОНИ И ТРАМП: „Најлошото можно сценарио“ (ВИДЕО)

Преведувачката на италијанската премиерка Џорџа Мелони, Валентина Мајолини-Ротбахер, се извини откако наиде на потешкотии во преводот за време на средбата со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

После тоа, Мелони продолжила сама да зборува на англиски, објави бриселскиот Политико.

Инцидентот се случи во четвртокот во Белата куќа, за време на разговорите за НАТО и одбранбените распределби.

На видеото од средбата се гледа како Трамп бара превод на изјавата на Џорџо Мелони на прашањето на италијански новинар за неговиот однос кон Украина и воените трошоци.

Преведувачот неколкупати застана за да побара белешки, по што Мелони зеде збор и директно му се обрати на Трамп на англиски јазик.

Мајолини-Ротбахер за весникот „Кориере дела сера“ изјави дека тоа е „најлошото можно сценарио“ за една преведувачка и дека таква ситуација никогаш претходно не се случила во текот на нејзината долга кариера.

„Жал ми е што не бев од помош. Премиерката Мелони реагираше правилно - средбата беше премногу важна и секој збор имаше голема тежина“, рече таа.

Мајолини-Ротбакер, која работи како преведувач од 1991 година и има искуство на настани како што е самитот на Г20, истакна дека претходно не настапувала во Белата куќа.

По средбата таа веднаш отишла на аеродром и немала контакт со Мелони, пишува италијанскиот весник.

Откако и самата Мелони му ги пренесе своите ставови на Трамп, американскиот претседател рече дека не го смета украинскиот претседател Володимир Зеленски за одговорен за војната во Украина, но додаде дека „не е воодушевен од тоа што војната започнала“.

Еден ден по средбата во Вашингтон, Мелони се сретна со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс во Рим.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk