Маж (66) кој со помош на чаршаф во еден германски град бегал од сопругата во хотелска соба, се здоби со тешки повреди.
Неименуван 66-годишен маж кој бегал од сопругата се здобил со сериозни повреди кога се обидел да скокне од хотелската соба на четвртиот кат користејќи врзани чаршафи, соопшти во саботата полицијата во јужниот германски град Равенсбург.
Мажот во петокот бил во собата со својата љубовница кога неговата сопруга почнала да тропа на вратата. Во паника, тој споил два чаршафи во обид да избега незабележано во стил кој потсетува од филмови…
66-Jähriger seilt sich mit Bettlaken ab – Mann flüchtet aus Hotel vor Ehefrau https://t.co/XgcRZWiQgF pic.twitter.com/agOy4NLior
— WELT (@welt) April 19, 2025
Полицијата соопшти дека 66-годишниот маж е тешко повреден. Според полицијата, мажот бил со љубовницата и бегал од сопругата која стоела пред вратата од хотелската соба и тропала.
Според полицијата, 66-годишникот врзал два чаршафи и се обидел да побегне од четвртиот кат на хотелот. Но, при акцијата на Велики петок паднал и слетал на настрешницата. Мажот со возило на Брза помош е пренесен во болница.
Поради несреќата била повикана и полиција.
„Колку и да е трагична приказната, сето тоа се случи токму така“, изјави портпаролот на полицијата во Равенсбург.
Von Ehefrau entdeckt: Mann seilt sich mit Bettlaken ab#Blaulicht #Notfälle #Ravensburg #Unfällehttps://t.co/LilZ7kz8Dc pic.twitter.com/KaEs2LOCF0
— Wochenblatt (@wochenblattnews) April 19, 2025
Мажот е тешко повреден, но неговиот живот не е во животна опасност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата