logo
logo
logo

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах

Vecer | 05.03.2026

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах

Изјавите на иранските претставници вчера и денеска укажуваат дека се приближува објавувањето на наследникот на Хамнеи, а неговиот син Моџтаба Хамнеи се смета за главен кандидат.

Коментирајќи ги овие обвинувања во интервју за Аксиос, Трамп рече: „Тие го губат времето. Синот на Хамнеи е слабак. Морам да бидам вклучен во изборот, како што бев со Делси Родригез во Венецуела“.

Тој додаде и дека нема намера да прифати нов ирански лидер кој би ја продолжил политиката на Али Хамнеи, бидејќи, како што рече, тоа би ги принудило САД повторно да војуваат „за пет години“.

„Синот на Хамнеи е неприфатлив за мене. Сакаме некој што ќе донесе хармонија и мир во Иран“, рече Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk