logo
logo
logo

Трамп два пати ѝ донирал на Камал Харис, ѝ донирала и ќерка му

Vecer | 22.07.2024

Трамп два пати ѝ донирал на Камал Харис, ѝ донирала и ќерка му

Недолго откако Бајден ја објави својата одлука, на социјалните мрежи масовно почна да се шири информацијата дека Доналд Трамп донирал 5.000 долари за кампањата на Камала Харис во 2011 година. И тоа не била неговата единствена донација.

Тој, исто така, ѝ донирал 1.000 на Харис во февруари 2013 година на почетокот на нејзината кампања за реизбор за државен обвинител. Ќерката на Трамп, Иванка, исто така ѝ донирала 2.000 долари на Харис во јуни 2014 година.

Демократскиот конгресмен од Флорида, Џаред Московиц, објави на Твитер слика од чек со донацијата на Трамп за Камала Харис, нарекувајќи ја „мудра инвестиција“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk