logo
logo
logo

Трагедија во Турција: Четиричлено семејство наместо на излет, заврши на дното на езеро (ВИДЕО)

Vecer | 25.07.2024

Трагедија во Турција: Четиричлено семејство наместо на излет, заврши на дното на езеро (ВИДЕО)

Во автомобилот имало четиричлено семејство - 37-годишниот Весел Ајдогмуш, неговата 35-годишна сопруга Емине и нивните две деца Батухан и Мете на возраст од 16 и 13 години, пишуваат турските медиуми.

Возилото го управувал таткото кој поради непознати околности удрил во железната преграда на мостот и слетал во езерото на браната Сеихан.

При претресот, кој по несреќата го започнале полициските нуркачи, под автомобилот било пронајдено безживотното тело на 16-годишниот Батухан.

Четири часа подоцна спасувачите го пронашле неговиот помал брат, како и неговата мајка и татко.

Во Институтот за судска медицина во Адана била извршена обдукција и сите четворица членови на семејството се погребани заедно на гробиштата во областа Козан.

На видеото од надзорната камера се гледа како возачот изгубил контрола над возилото, без никакво влијание на надворешни фактори, излетал од патот, удрил прво во бетонски блок, а потоа во железната бариера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk