logo
logo
logo

Американец три часа пукал и убил 81 животно, во куќата му нашле арсенал со оружје (ФОТО)

Vecer | 07.09.2024

Американец три часа пукал и убил 81 животно, во куќата му нашле арсенал со оружје (ФОТО)

Канцеларијата на шерифот на округот Монтереј почнал да прима повици за истрели, непосредно пред 3:30 часот во вторникот во областа на Ејвери Лејн. Полицајците притрчале на местото и ги слушнале истрелите, но поради темнината и густата вегетација не успеале веднаш да го пронајдат напаѓачот. Издадена е наредба на луѓето кои живеат во близина да останат на место, а со помош на дрон биле лоцирани осомничениот и очигледно удреното возило, пренесува Law&Crime.

Специјалната единица SWAT на округот Монтереј му пришле на осомничениот со оклопно возило и го уапсиле 39-годишниот Висенте Џозеф Аројо од Салинас.

Полицијата ја пребарала областа и пронашла 81 мртво или смртно рането животно, вклучувајќи минијатурни коњчиња, кози, зајаци, заморчиња, кокошки, патки и други видови птици. Животните кои преживеале биле пренесени во ветеринарна клиника, но поради тешките повреди морале да бидат евтанизирани, изјавија замениците на шерифот.

Властите пронашле и неколку пушки и пиштоли, вклучително и нелегално автоматско оружје, како и празни и наполнети чаури со муниција, соопшти полицијата.

Аројо првично беше обвинет за намерно користење огнено оружје со груба небрежност, суровост кон животните, нелегално поседување автоматско оружје и поседување огнено оружје како претходно осуден престапник, меѓу другите обвиненија. Неговата кауција првично беше одредена на 50.000 долари.

Меѓутоа, кога детективите го пребарале неговиот дом, наводно пронашле уште седум парчиња оружје, вклучително и огнено оружје без сериски број, познато како „пиштол дух“, како и околу 2.000 парчиња муниција. Затоа, кауцијата била зголемена на милион долари.

„Нема сомневање дека налогот што го извршија нашите заменици и детективи, што резултираше со заплена на ова дополнително оружје, ја направи нашата заедница побезбедна“, рече шерифот на округот Монтереј, Тина Нието.

„Убедена сум дека спречивме да се случи уште една трагедија во иднина“, заклучи таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk