logo
logo
logo

Телефонски разговор меѓу Стармер и Трамп по прекинот на американската помош за Украина

Vecer | 04.03.2025

Телефонски разговор меѓу Стармер и Трамп по прекинот на американската помош за Украина

Британските медиуми пренесуваат дека двајцата лидери телефонскиот разговор го реализирале синоќа, а портпаролот изјави дека двете земји имаат иста цел, односно безбеден и траен мир во Украина.

Претходно денеска, откако Трамп ја суспендираше воената помош за Киев, Стармер рече дека Обединетото кралство останува посветено на обезбедувањето траен мир.

„Остануваме апсолутно посветени на обезбедување траен мир во Украина и работиме со клучните сојузници за да ги поддржиме овие напори. Тоа и правилна работа и во наш интерес е да го сториме тоа“, се наведува во соопштението на портпаролот на британската Влада.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди да се прекине воената помош за Украина по вербалната расправија меѓу него и украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот во Овалната соба. Извори наведуваат дека помошта ќе остане суспендирана се додека „Трамп не биде сигурен дека Зеленски е подготвен да започне мировни преговори“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk