Разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој утринава го потресе Мјанмар, фати многу луѓе неспремни.
На социјалните мрежи кружат видеа, а едно од нив е снимено во телевизиско студио за време на снимањето на една емисија.
На видеото се гледа како луѓето седат и разговараат, а потоа започнува паника кога сè почнува да се тресе.
Луѓето се во шок, се плашат, а потоа почнуваат да се гушкаат и да се држат за раце.
За потсетување, два разорни земјотреси утрово го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 33 километри југозападно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри. По 12 минути е регистриран втор земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала. Тој бил на длабочина од 35 километри, 45 километри јужно од Мандалеј.
WATCH: Shaking felt at news studio following Myanmar earthquake.
— AZ Intel (@AZ_Intel_) March 28, 2025
pic.twitter.com/KuAwgJrZbn
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата