logo
logo
logo

Рубио изрази загриженост за „нестабилноста“ во Турција

Vecer | 28.03.2025

Рубио изрази загриженост за „нестабилноста“ во Турција

 Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека разговарал со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кому му изразил загриженост за „нестабилноста“ што се гледа во Турција по апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Рубио рекол дека Турција има внатрешно-политички проблеми и Вашингтон нема да ги коментира.

- Ги гледаме истите извештаи што сите други ги гледаат за тоа што се случува, им рече Рубио на новинарите во авионот со кој се враќаше од патување на Карибите.

- Секако дека сме загрижени за овие протести и некои од медиумските извештаи, додаде тој.

Шефот на американската дипломатија додаде дека претседателот Доналд Трамп имал „многу добри работни односи“ со турскиот претседател Таип Ердоган за време на неговиот прв мандат и оти Вашингтон сака да ги обнови тие односи и да соработува со Анкара за низа прашања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk