logo
logo
logo

Судија ја блокираше одлуката на Трамп за статусот на мигранти

Vecer | 11.04.2025

Судија ја блокираше одлуката на Трамп за статусот на мигранти

 Бостонскиот федерален судија Индира Талвани во четвртокот ја блокираше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им го одземе привремениот правен статус на стотици илјади Кубанци, Хаиќани, Никарагваци и Венецуелци во Соединетите Американски Држави.

Во својата одлука, Талвани навела дека одлуката за одземање на привремениот правен статус на мигрантите на две години е заснована на погрешно толкување на законот бидејќи овие мигранти легално ја преминале американската граница.

Таа изјави дека Трамп сакал да ја забрза депортацијата на 450.000 мигранти од 24 април.

Трамп веднаш по преземањето на функцијата на 20 јануари воведе вонредна состојба на границата меѓу САД и Мексико за да спречи влез на илегални мигранти, а набрзо испрати и дополнителна војска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk