Ердоган истакнал дека Турција ќе продолжи да работи на зајакнување на соработката со САД во повеќе области, особено во одбранбениот сектор, пренесува агенцијата.
Турскиот претседател посочил и дека хуманитарната криза во Појасот Газа достигнала загрижувачки размери, при што изразил подготвеност Турција да испрати хуманитарна помош за погоденото население.
Трамп изјавил дека со Ердоган имале „многу продуктивен и вреден разговор“ за ситуациите во Украина, Сирија и Газа, посочуваат американски медиуми.
Американскиот претседател потврди дека Ердоган ќе го посети Вашингтон, а дека и тој добил покана да ја посети Турција.
„Со нетрпение очекувам да работам со претседателот Ердоган за да ставиме крај на оваа апсурдна, но смртоносна војна меѓу Русија и Украина – ВЕДНАШ!“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата