logo
logo
logo

Тројца млади загинаа во сообраќајка во Италија- „летале“ со 250 км/час во Порше (ВИДЕО)

Vecer | 05.05.2025

Тројца млади загинаа во сообраќајка во Италија- „летале“ со 250 км/час во Порше (ВИДЕО)

Пожарникари морале да ги извлечат од урнатините по ужасната сообраќајка, а возилото било целосно изгорено, пренесе АНСА.

Според медиумските извештаи, тие загинале во Поршето што го изнајмиле, а неколку минути пред несреќата возилото достигнало голема брзина.

Луиџи Перусио (22) бил зад воланот, а со него во Поршето биле Сара Капилунга (21) и нејзината врсничка Карина Рижов. Се сомнева дека возачот ја изгубил контролата врз возилото.

Истрагата покажала дека возилото било изнајмено за 400 евра во Бриндизи. Се наведува дека се движеле со брзина од околу 250 км/ч кога Поршето се превртело, удрило во дрво и се запалило.

Карина дошла во Италија од Украина неколку месеци по почетокот на војната и живеела со италијанско семејство кое добило телефонски повик по несреќата. Потоа GPS-от ги однел на местото на несреќата, јавуваат медиумите.

Градоначалникот Елио Чикарезе зборуваше за огромната трагедија и прогласи ден на жалост на денот на погребот.

„Луиџи, Сара, Карина, засекогаш ќе бидете во нашите срца“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk