Шефот на Белата куќа ги обвини овие земји дека 45 години „ја ограбувале“ Америка, додека Вашингтон бил мек и слаб. А слично се однесувала и Кина. Претседателот на САД додаде дека токму поради тоа државниот долг достигнал 36 трилиони долари.
-Многу често пријателите, таканаречените пријатели, излегуваат полоши од непријатели. Погледнете ја Европската Унија – што направија со оваа земја, како ја испразнија(...), изјави Трамп.
Претседателот на САД додаде и дека дошло време да се врати дел од тие пари, можеби и најголемиот дел.
На почетокот на овој месец, Трамп ја одложи до 2 април примената на царини за производи од Канада и Мексико, но прецизираше дека по истекот на тој рок нема да има исклучоци.
Царините од 25 отсто за увоз на канадски и мексикански производи во САД Трамп ги воведе на 4 март. Исто така, тарифите за производи од Кина беа зголемени од 10 на 20 отсто. По ова, Отава и Пекинг воведоа реципрочни царини од 25 и 15 отсто за увоз на американски производи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата