logo
logo
logo

Данска воведува задолжителен воен рок за жените, ќе трае 11 месеци

Vecer | 26.03.2025

Данска воведува задолжителен воен рок за жените, ќе трае 11 месеци

Досега жените во данската армија можеа да учествуваат само на доброволна основа, додека мажите се обврзани да служат доколку се извлечени преку еден вид лотариски систем, што се користи во случај на недостиг на волонтери.

-Поради моменталната безбедносна ситуација, вооружените сили мора да привлечат повеќе регрути, рече Поулсен.

Воведувањето на обврската за жените е договорено во соработка со мнозинството парламентарни партии, а новиот правилник предвидува подолг стаж - наместо претходните четири месеци, ќе трае 11 месеци.

-Ова е важен чекор напред кон целосна рамноправност меѓу жените и мажите, рече данскиот министер, а пренесува „Дифенс пост“.

Годишната „лотарија“ сè уште ќе се применува, но само ако не се пријават доволно волонтери во дадена година.

Данска во февруари објави дека во периодот 2026-2027 година ќе инвестира дополнителни 6,8 милијарди евра во одбраната, откако претходната година веќе го зголеми буџетот за одбрана за 5,4 милијарди.

Со овој потег земјата и се приклучи на Норвешка, првата членка на НАТО која во 2015 година воведе задолжителен воен рок за жените, и Шведска, која го врати воениот рок во 2017 година, а исто така го прошири и на жените.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk