logo
logo
logo

Стапија во сила новите царини на Трамп, берзите во слободен пад

Vecer | 09.04.2025

Стапија во сила новите царини на Трамп, берзите во слободен пад

 Во листата на држави е и земјава, но најтешко погодена со царини од 104 проценти е Кина. Царините кои го разнишаа светскиот економски поредок од утринава предизвикаа пад на берзите ширум светот и ги зголемија стравувањата од рецесија. Американскиот претседател кој во повеќе наврати најави дека нема намера да отстапи од неговата политика, на хуманитарна вечер во Вашингтон не штедеше зборови за да се пофали дека десетици шефови на држави и влади веќе контактирале со него со молби за договор.

-Тие држави ми се јавуваат и ми го бакнуваат газот за да преговараат за моите царини, кои се легендарни. Тие умираат за да склучат договор. Ми се јавуваат и со плачлив глас ми велат: ‘Ве молам господине, ајде да направиме договор, ќе сторам сѐ што треба‘“-Доналд Трамп – Претседател на САД.

Жесток одговор на царините најави Кина која денеска експресно возврати со 84 проценти царини на американскиот производи што претставува зголемување од 50 проценти на досегашните царини кои Пекинг ги имаше. Ситуацијата според кинеските власти опасно ескалира, а соопштија и дека ја информираче Светската трговска организација дека одлуката на САД се заканува дополнително да ја дестабилизира глобалната трговија.

-Кина силно се противи и нема никогаш да прифати вакво арогантно и силеџиско однесување. Доколку САД навистина сака да го реши проблемот преку дијалог и преговори, треба да покаже однос на еднаквост, почит и реципроцитет. Доколку САД не ги почитува интересите на двете земји и на меѓународната заедница и инсистира да води царинска и трговска војна, Кина дефинитивно ќе возврати,-Лин Џијан – Портпарол на МНР на Кина.

Одлуки за контра-мерки се носат и во Брисел, а одговорот на ЕУ би можел да биде помалку агресивен од очекуванот, но во исто време креативен. Според интерен документ кој го објави реномираниот сајт Политико, Унијата планира да воведе царини за широк спектар на производи од САД кои би вклучиле, соја, месо, тутун, железо, но не и виски. Целта како што пренесува Политико е да се таргетира економијата на сојузните држави во САД кои гласаа за Трамп на претходните избори и кои традиционално важат за републикански упоришта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk