logo
logo
logo

Песков: Оставката на Зеленски не е меѓу барањата на Русија

Vecer | 24.04.2025

Песков: Оставката на Зеленски не е меѓу барањата на Русија

„Но, дури и ако договорот (мировен) со Зеленски беше потпишан денеска, подоцна во Украина може да се појават луѓе кои би можеле да го оспорат, доведувајќи го во прашање неговиот легитимитет“, рече Песков, кој верува дека сите документи потпишани од Зеленски може да бидат непризнаени поради проблеми со неговиот легитимитет.

Според Песков, сомнежите „се поврзани со воената ситуација и некои членови од украинскиот Устав“, пренесуваат руските медиуми.

Тој тврди дека Зеленски „не ги контролира сите формации на вооружените сили на Украина“.

„Зеленски, а тоа е добро познато, не ги контролира сите негови дивизии“, рече тој и додаде дека „некои националистички баталјони не му се покоруваат и тоа е голем проблем“.

Песков додаде дека Зеленски ги вовлекол Европа и САД во војна против Русија и го претставува Киев како центар на се што е „антируско“ на Земјата.

„Зеленски беше избран за претседател благодарение на неговото ветување дека ќе стави крај на граѓанската војна. Дали го направи тоа? Не. Украина не тргна по овој пат. Напротив, тие решија да ги вовлечат Европа и Америка во војната и да се претстават како центар на сè што е „антируско“ на оваа Земја“, рече Песков во интервјуто за „Поан“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk