logo
logo
logo

Павел: Трамп се залага за мир по секоја цена без оглед на последиците за Европа

Vecer | 24.04.2025

Павел: Трамп се залага за мир по секоја цена без оглед на последиците за Европа

Чешкиот претседател Петр Павел го осуди денеска тоа што, како што рече, САД вршат многу поголем притисок врз Украина отколку врз Русија и оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да преговара за мир по секоја цена, без оглед колку тоа ќе ги чини Украина и Европа.

Тоа што сега е на маса, повеќе навестува напор за постигнување мир, секаков вид, за да може Доналд Трамп да објави дека успеал во договори мир, без оглед колку ќе биде поволен за Украина и какви последици ќе има за Европа“, рече чешкиот претседател за време на турнејата во регионот Храдец Кралове на истокот на земјата.

Тој ги критикуваше Трамп и неговиот тим дека вршат многу поголем притисок врз Украина и предупреди дека ако Русија излезе од војната засилена и убедена дека агресијата се исплати, Европа може да смета дека се „претплатила“ на слични проблеми во иднина.

„Од почетокот го застапував ставот дека компромисот е неопходен за мир. Но, тоа не треба да биде ултиматум за Украина и награда за агресорот. Мирот што ќе се договори би требало да биде што поправеден за Украина“, рече Павел.

Претседателот на Чешка исто така предупреди дека доколку мировниот договор содржи одредени територијални отстапки, тие не смеат да бидат трајни. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk