logo
logo
logo

Србин е застрелан, британски директор убиен, кога работник влета со калашников (ВИДЕО)

Vecer | 02.10.2024

Србин е застрелан, британски директор убиен, кога работник влета со калашников (ВИДЕО)

Како што јави „Њу Араб“, во нападот загинал директорот на компанијата, државјанин на Велика Британија, а покрај државјанинот на Србија е ранет уште еден Јорданец. Осомничениот напаѓач, претходно отпуштен работник, е уапсен.

Нападот се случил во понеделникот во фабрика во Акаба. Според локалните извештаи, Британецот бил менаџер во компанијата и бил нападнат од маскиран маж, кој упаднал во фабриката и отворил оган.

Ранетиот српски државјанин и Јорданецот, чиј идентитет не се соопштува, се пренесени во болница. Управата за јавна безбедност соопшти дека осомничениот е уапсен по 24-часовна потера, а нападот наводно следел по отпуштањето на вработениот.

На интернет кружи видео на кое се гледа како маскиран маж упаднал во фабриката и пука со калашникови во три лица.

Специјалната економска зона Акаба, каде што наводно се случил инцидентот, е слободна зона која е центар за различни индустрии, вклучително и хемиската индустрија и логистиката, каде работниците, наводно, се соочуваат со тешки работни услови.

Во извештајот објавен на почетокот на годинава се наведува дека во првите шест месеци од 2024 година биле поднесени вкупно 173 работни тужби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk