logo
logo
logo

Словачкиот парламент ја отфрли политиката на санкции против Русија

Vecer | 05.06.2025

Словачкиот парламент ја отфрли политиката на санкции против Русија

Предлогот на членовите на најмалата владејачка партија, Словачката национална партија, беше поддржан од мнозинството од преостанатите членови на владата, додека пратениците од опозицијата, со еден исклучок, не учествуваа во гласањето, објавува Правда.

Според резолуцијата, парламентот ги обврзал членовите на владата да „не гласаат за усвојување нови санкции и трговски ограничувања против Руската Федерација во рамките на меѓународните организации и заедници чиј член е Словачката Република или меѓународните договори кон кои е обврзана Словачката Република, и активно да промовираат мерки за стабилизирање на енергетскиот пазар, елиминирање на нестабилноста на цените и заштита на стратешките интереси на словачката економија“.

Словачка учествува во санкциите против Русија како земја-членка на Европската Унија, која во мај го одобри 17-тиот пакет ограничувања против Москва како одговор на војната во Украина.

Одобрувањето на нови санкции и продолжувањето на постојните бара едногласна согласност од земјите-членки на европскиот блок, додава Правда.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk