Како што пренесе Бета повикувајќи се на Ројтерс, Руте во говор во Берлин рече дека премногу сојузници на воениот сојуз не ја чувствуваат итноста на руската закана во Европа и оти треба брзо да се зголемат трошоците и производството за одбрана за да се спречи војна од размери што ги виделе минатите генерации.
- Ние сме следната мета на Русија. Се плашам дека премногу од нив се тивко самозадоволни. Премногу од нив не ја чувствуваат итноста. И премногу од нив веруваат дека времето е на наша страна. Не е. Време е за акција, и тоа сега, рече Руте.
Генералниот секретар на НАТО рече дека конфликтот е на прагот на Европа.
- Русија ја врати војната во Европа. И ние мора да бидеме подготвени, додаде тој.
Руте наведе дека Русија би можела да биде подготвена да употреби воена сила против НАТО во рок од пет години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата