logo
logo
logo

Скандал во Шведска: По грешка на болница, на 33 жени лани и годинава им биле извадени матките

Vecer | 22.10.2024

Скандал во Шведска: По грешка на болница, на 33 жени лани и годинава им биле извадени матките

Во текот на минатата и оваа година, поради погрешна дијагноза на Универзитетската болница во Шведска, на 33 жени хируршки им била отстранета матката, за што главниот лекар на таа болница денеска изразил длабоко жалење, пренесоа шведските медиуми.

Група од 33 жени на возраст од 38 до 85 години добиле информација од лекар дека имаат клеточни промени кои му претходат на ракот на матката, по што тој орган бил отстранет, но се покажало дека дијагнозата е погрешна, објавија шведските медиуми.

Во соопштението за медиумите, главниот лекар на болницата, Јохан Лугнегард изјави дека такво нешто не требало да се случи, но се случило, извинувајќи им се на жените кои биле оперирани.

Шведскиот министер за здравство Ако Анкарберг Јохансон во оваа прилика изјави дека тоа е „страшна вест“, додавајќи дека е добро што Универзитетската болница сериозно го сфатила инцидентот и презела чекори за да не се повтори такво нешто.

Во текот на минатата година, најмалку два слични инциденти се случиле и во градовите Скараборг и Блекинге.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk