logo
logo
logo

Силувал жена со МЕТАЛНА ШИПКА и ја убил - случај кој предизвика ХАОС во земјата

Vecer | 15.09.2021

Силувал жена со МЕТАЛНА ШИПКА и ја убил - случај кој предизвика ХАОС во земјата

Страшното злосторство уште еднаш предизвика драматична ситуација во Индија, откако беше откриено дека неименуван монструм силувал 34-годишна жена со метална шипка и ја оставил да умре во агонија. Случајот предизвика нов бран масовни протести во земјата , насочени против злосторствата против послабиот пол.

Несреќната жена, именувана во медиумите само како Нирбаја, беше пронајдена како лежи без свест во минибус во Мумбаи. Таа ссе уште била жива и благодарение на брзата реакција на докторот, таа првично добро одговорила на терапијата, но на крајот сепак им подлегнала на страшните повреди.

- Уапсен е човек кој бил препознаен благодарение на снимките од безбедносните камери. Тој се уште е во притвор, каде треба да биде до 21 септември, а се очекува да биде осуден на смрт - пренесуваат индиските медиуми.

Висок индиски функционер, кој сакал да остане анонимен, открил дека и силувачот и неговата жртва биле бездомници.

- Овој случај уште еднаш ја потресе нацијата и не потсети на ужасниот случај на Јоти Синг Панда, која беше брутално групно силувана и убиена од група монструми во 2012 година - истакна активистката за човекови права Јогита Бајана, зборувајќи за случајот кој одекна целиот свет поради монструозноста и покрена голем број прашања, особено откако несреќната девојка почина поради ужасни повреди на внатрешните органи.

Сепак, и покрај бројните протести и повици за уште поостра борба против насилството врз жените, бројот на силувања е зголемен за повеќе од 34.000 од случајот на otaота. Инаку,  во Индија силување се случува на секои 15 минути и се верува дека дури 90 проценти од случаите остануваат непријавени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk