logo
logo
logo

ЕК: Блокирањето на европските медиуми во Русија е „апсурден одговор“

Vecer | 25.06.2024

ЕК: Блокирањето на европските медиуми во Русија е „апсурден одговор“

Блокирањето од денеска на пристапот до 81 европски медиум на територијата на Русија претставува „апсурдна контрамерка“ на мерките преземени од Европската унија против медиумите обвинети за про-Кремљ пропаганда, изјави заменик-претседателката на Европската комисија, Вера Јоурова. 

„Не, пропагандните медиуми финансирани од Русија за ширење дезинформации како дел од руската воена доктрина не личат на независни медиуми. Демократиите го знаат тоа“, одговори таа на Х, критикувајќи го „континуираното кршење на слободата на медиумите од Кремљ“./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk