logo
logo
logo

Шпанија: Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица

Vecer | 15.11.2024

Шпанија: Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица

Службите за итна помош во регионот Арагон не објавија дополнителни детали во нивната објава, но шпанските медиуми известуваат дека во домот се наоѓале 82 лица. 

- Пожарот започна во резиденција за стари лица наречена „Жардинес де Вилафранка“ околу 5 часот по локално време и на пожарникарите им требаа неколку часа да го изгаснат, изјави портпаролот на регионалната влада.

Портпаролот не можеше да прецизира дали сите жртви се жители на пензионерскиот дом, каде што живееле 82 стари лица.

Едно лице e во критична состојба, додека неколку лица се хоспитализирани, главно поради вдишување чад.

Причината за пожарот се уште се истражува.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk