logo
logo
logo

Шолц на маргините на Самитот на Г20 ќе има средба со Си

Vecer | 15.11.2024

Шолц на маргините на Самитот на Г20 ќе има средба со Си

Средбата е договорена на 19 ноември, а Шолц и Си ќе разговараат за војните во Украина и на Блиски Исток, како и за билатералните прашања со акцент на трговските односи.

Кина долго време е најголем трговски партнер на Германија, што е знак за силните врски помеѓу Пекинг и Берлин. Шолц, од почетокот на неговиот мандат како канцелар, што почна во 2021 година, двапати ја посети Кина.

Германија, најголемата економија во Европа, не ја крие загриженоста за трговската тензија помеѓу Европска Унија и Кина. Тензиите се зголемија откако Брисел ги зголеми европските царини за кинеските електрични возила, кои за ЕУ се незаконски субвенционирани од Пекинг.

Форматот Г20 ги обединува најголемите светски економии, вклучувајќи ги САД, Кина и Франција, како и ЕУ и Африканска Унија. Самитот на Г20 се одржува на 18 и 19 ноември во Бразил. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk