logo
logo
logo

Си-Ен-Ен: Џаред Кушнер ќе биде клучен за политиката на Трамп на Блискиот Исток

Vecer | 15.11.2024

Си-Ен-Ен: Џаред Кушнер ќе биде клучен за политиката на Трамп на Блискиот Исток

Џаред Кушнер, зетот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, ќе биде централна фигура за блискоисточната политика на новата администрација на Трамп. Иако не се очекува да има формална улога, дипломатите и сојузниците на Трамп тврдат дека Кушнер ќе продолжи да игра значајна советничка улога, јави Си-Ен-Ен.

Кушнер воспостави блиски односи со регионалните лидери во првиот мандат на Трамп, што, според израелски извори, ќе биде значајно за континуитетот на политиката на САД кон регионот.

Трамп веќе го именува Мајк Хакаби за амбасадор на САД во Израел, најавувајќи продолжување на политиките од неговиот прв мандат, како што беа преместувањето на американската амбасада во Ерусалим и признавањето на Голанската висорамнина како израелска територија./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk