logo
logo
logo

Шеикот Абдулах бин Зајед откри детали за трилатералните преговори за крај на војната во Украина- клучно е едно прашање

Vecer | 23.01.2026

Шеикот Абдулах бин Зајед откри детали за трилатералните преговори за крај на војната во Украина- клучно е едно прашање

Тој изрази надеж дека трилатералниот состанок ќе го приближи решението за украинската криза.

Преговорите започнаа во Абу Даби и се очекува да траат два дена, како дел од тековните напори за промовирање на дијалогот и наоѓање политички решенија за кризата“, рече бин Зајед, според Скај њуз.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го најави состанокот во Абу Даби, а Кремљ синоќа го потврди руското присуство.

Киев соопшти дека ќе го испрати својот главен преговарач Рустем Умеров и началникот на кабинетот на Зеленски, Кирил Буданов во Абу Даби.

Москва соопшти дека ќе го испрати адмиралот Игор Костјуков да ги предводи тимот од врвни функционери на Министерството за одбрана.

Во американската делегација се двајца претставници на американскиот претседател Доналд Трамп - Стив Виткоф и Џаред Кушнер - кои пристигнаа во Абу Даби од Москва по средбата со рускиот претседател Владимир Путин синоќа.

На состанокот во Абу Даби ќе се разговара за спорното прашање за територијата, што Зеленски го потврди денес, објави Скај њуз. Територијалните прашања остануваат спорна точка бидејќи Русија бара Украина да ги предаде 20-те проценти од територијата на Донецк што сè уште ја контролира.

Зеленски одби да се откаже од таа територија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk